Дешамп ги напушти подготовките на репрезентацијата на Франција поради семејна трагедија

Франција в петок ќе се соочи против Данска во рамки на Лигата на нации, но фудбалерите ќе бидат без селекторот Дидие Дешамп кој мораше да го напушти кампот на „триколорите“. Дешамп си замина од подготовките на репрезентацијата поради семејна трагедија, откако ја добил веста дека починал неговиот татко. Поради овој немил случај Дешамп нема да им помогне на своите избраници на првиот предизвик за Французите од новото издание во Лигата на нации.

-Мислите ни се со Дешамп и неговото семејство во овие тешки моменти. Сите му даваме поддшка“, соопштија од Франција.

Треба да знаете
Последни објави