Мурињо им порача на шеиците во ПСЖ: Ја сакам Рома!

Жозе Мурињо е еден од кандидатите за нов тренер на францускиот шампион Пари Сен Жермен, вчера објавија дел од светските медиуми.

Имено, сопствениците на овој клуб би сакале да го доведат искусниот португалски стратег на местото на Маурисио Покетино кој годинава не се покажа во најдобро светло во клубот од „Паркот на принцовите“.

Сепак, Жозе Мурињо им порача на сопствениците на ПСЖ дека тој ја сака Рома…

„Јас ја сакам Рома! Не сакам да губам, а губам многу почесто одошто со други клубови, но луѓето таму ме сакаат, имам неверојатна емпатија кон тие луѓе, како во клубот, така и со навивачите. Никој таму не ме лаже, никој не ми ветувал нешто што не може да се оствари“, изјави Мурињо.

Португалецот во Тирана изјави дека е „сто отсто романиста и дека одбива секаква понуда и не го интересира никаква шпекулација зашто иднината му е само една – Рома“.

Треба да знаете
Последни објави