Бугарскиот селектор Петров си поднесе оставка по срамот со Грузија

Бугарскиот селектор Јасен Петров си поднесе оставка веднаш по убедливиот пораз на неговата репрезентација од Грузија (2-5) на домашен терен во 2. коло од Лигата на нации.

Петров, по освоениот само бод од двата домашни натпревари во Групата 4 во Лигата на нации, се одлучи среде собир да си поднесе оставка и покрај тоа што Бугарија има уште два натпревари наредниве седум дена…

„Сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа и да им се извинам бидејќи не го заслужија тоа што го видоа. Јасно е дека немам морално право да останам. Ќе се разделиме бидејќи ја преземам целата одговорност за овој срам. Потребно е да дојде друг човек подобро да ги мотивира репрезентативците. И покрај тоа што имаме уште два натпревари наредниве денови ова дефинитивно беше мој последен меч како селектор“ – соопшти Петров на прес-конференцијата по мечот.

Бугарија наредниве денови ја очекуваат натпреварите против Гибралтар (9. јуни) и уште еднаш против Грузија (12. јуни).

Треба да знаете
Последни објави