Skip to main content
Македонија

(Видео) Што мислат граѓаните за помилувањата на Силјановска 

24/10/2024  18:57

Списокот на лицата кои добија помилување од страна на претседателката Гордана Силјановска Давкова, втор ден ја бранува македонската јавност. 

Припадници на наркокартели, првообвинет во случајот Шпион, екс градоначалник се дел од имињата кои од претседателката добија намалување на затворските казни.

24инфо.мк денеска ги праша граѓаните што мислат за овие помилувања, а на крајот добивме поделени одговори. 

Дел од граѓаните сметаат дека таквите помилувања не смееле да се случат и прстот го вперуваат кон претседателката. 

„Таа треба да знае што потпишува. Како може да потпише нешто што некој ѝ дал и таа потпишала. Каков е тој претседател?“ вели еден граѓанин. 

Други пак сметаат дека главниот збор за помилувањата го имаат Комисијата за помилување и Министерството за правда, додека пак некои сметаат дека секој има право на помилување. 

Во продолжение во видеото погледнете ги одговорите на граѓаните.