Турција продолжува да испраќа засилување на границата со Сирија

Во реонот на градот Џејлјанпјанар, областа Шанлиуфра, денеска пристигнал турски конвој со камиони, оклопни возила и автобуси, јави „Хуриет дејли њуз”.

Конвојот бил придружуван од сили на жандармеријата, а со него до сириската граница патувале и командоси.

Турските власти претходно соопштија дека земјата може да преземе нова антитерористичка операција во Сирија.

Од 2016 година Турција во северозападна Сирија ги спроведува операциите „Еуфратски штит” и „Маслиново гранче” со цел прочистување на областа од борци на сириските курдски Сили за заштита на народот и терористи од ДАЕШ („Исламска држава”).

Турција ги смета сириските курдски милиции Сили за заштита на народот за терористичка
организација, поврзана со илегалната Курдска работничка партија (ПКК). ЕУ, Анкара и САД ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Треба да знаете
Последни објави