Крамп-Каренбауер разговараше со Столтенберг за кризата во Заливот

– Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер денеска изјави дека нејзината земја се уште нема донесено финална одлука за барањето на САД да земат учество во мисијата за обезбедување на комерцијалните бродови во Ормутскиот теснец, но нагласи дека тоа ќе го сторат многу брзо, јави ДПА

-Ние ги разгледуваме овие барања во тесна соработка со Велика Британија и Франција, изјави Крамп-Каренбауер по средбата со генералниот секретар на НАСТО, Јенс Столтенберг во Брисел.

Но оваа германска политичарка, која се смета за главен наследник на Ангела Меркел, истакна дека за разлика од САД, Германија и другите европски држави сакаат да се држат до нуклеарниот договор со Иран.

-Берлин е подготвен на се’ за да се постигне дипломатско и мирно решение на конфликтот со Иран и да го види договорот, со кој Техеран треба да се спречи да добие нуклеарно оружје, рече таа.

Велика Британија и САД сакаат да создадат мисија за заштита од идни напади на Иран врз танкерите со нафта, откако Техеран кон средината на јули во Ормутскиот теснец го заплени британскиот танкер Стена Имперо и бродот под панамско знаме МТ Раих.

Треба да знаете
Последни објави