Напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар, според договорот со клубот до 2024 година заработи 101 милион евра, пишува „Фут Меркато“.
Поради повреда, Бразилецот одигра само 42 минути и ја допре топката 90 пати во текот на годината. Според тоа, еден негов допир го чинел арапскиот великан 1,12 милиони евра.
Во октомври 2023 година, Нејмар ги скина вкрстените лигаменти и менискусот, поради што беше надвор од терените 1 година. Неговиот договор со Ал-Хилал истекува ова лето.
Според гласините, напаѓачот би можел да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, каде играат неговите поранешни соиграчи од Барселона, Луис Суарез и Лионел Меси.