На 31.07.2019 година во 1,20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-клучка Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Пасат“ со српски национални ознаки, управуван од Б.Ј.(35) од Р.Србија, автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од с.Студеничани и автомобил „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(40) од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот Б.Ј. и сопатникот од истото возило Т.С.(22) од Р.Србија, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија. И другите двајца возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.