Околу 900 деца се одвоени од родителите на границата со Мексико

Активисти за човекови права тврдат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ги раздвојува децата од нивните родители на границата со Мексико.

Според нивните тврдења, и повикувајќи се на податоците на Министерството за правда, над 900 деца биле одделени од издавањето на судската наредба од 2018 година.

Владата може да ги раздели децата само ако нивните родители претставуваат опасност за нив, ако имаат криминално досие, ако извршиле насилство над нив или ако покажуваат негрижа.

Треба да знаете
Последни објави