Skip to main content
Свет

Се преврте автобус во Турција, шест лица загинаа

18/10/2024  08:08

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција.

Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари.

Според првичните податоци, во несреќата загинале шест лица, а 25 се повредени.

Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус се движел од Балукешир кон Кападокија.

„Во оваа сообраќајна несреќа за жал загинаа шест наши граѓани. Според првичните информации имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага“, додаде Кумбузоглу.