Skip to main content
Македонија

Денес продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, ќе бидат испитувани сведоци од Обвинителството

18/10/2024  08:10

Денеска во 10 часот во Основниот кривичен суд во Скопје ќе се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кои го потресоа македонското општество. На денешната судска сесија, како и на претходните, ќе бидат испитувани сведоци предложени од Обвинителството, чија улога е да ги поткрепат обвиненијата против осомничените.