Skip to main content
Хроника

Стружанец со остар предмет нападнал маж – заработи кривична

10/01/2025  16:50

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(44) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“.

Како што известија од полицијата, на 03.12.2024 во струшката населба „Езерски лозја“, пријавениот со остар предмет го нападнал Е.М. од струшкото село Франгово.