Џонсон телефонски разговараше со Макрон за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон го изнесе својот став за Брегзит, изјави неговиот портпарол.

Тој рече дека премиерот во разговорите со другите лидери кога станува збор за Брегзит ќе го искажува истиот став што го соопшти и вчера пред пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент.

– Тоа значи дека тој и натаму ќе биде енергичен во барањето договор со Брисел, но со оглед на тоа што тој договор трипати е одбиен во Парламентот, нема да може да помине и тоа значи повторно почнување разговори за повлекување и укинување на заштитниот механизам за Северна Ирска, рече портпаролот.

Тој додаде дека Џонсон разговарал и со лидерите на Велс, Шкотска и Северна Ирска.

Треба да знаете
Последни објави