Skip to main content
Магазин

Важно е да прифатите неколку навики ако сакате бргу да изгубите тежина

08/01/2025  11:56

Метаболизмот одредува колку ефикасно вашето тело согорува калории за енергија, а малите промени во вашата дневна рутина може да направат голема разлика.

Од додавање одредена храна во вашата исхрана до одржување активност, постојат едноставни методи кои може да помогнат во забрзување на вашиот метаболизам. Тренерот и нутриционист Леа Домбровски препорачува ефективни промени, кои е важно да се воведат.

Доволната количина храна го подобрува метаболизмот бидејќи обезбедува телото да има посебна енергија за оптимално функционирање. Кога примате точен број калории, особено од храна богата со хранливи материи, телото избегнува да премине во режим на гладување.

„Главниот виновник за бавниот метаболизам е недоволното внесување храна. На вашето тело му треба гориво за да функционира правилно. Добивањето доволно храна приспособена на вашите потреби е клучно за губење на тежината и за целокупното здравје”, изјави Домбровски за SheFinds.

Секој килограм мускул согорува од шест до десет калории дневно, а мастите согоруваат само две-три калории.

„Тренингот со сила ја менува играта. Кревањето тегови од три до петпати неделно не само што помага во обликувањето на телото туку и го забрзува метаболизмот. Мускулите согоруваат повеќе калории, дури и во мирување“, тврди Домбровски.

Активностите, како одењето, качувањето по скали и истегнувањето, придонесуваат за енергијата што ја согорувате во сè, освен во спиењето и класичното вежбање.