Skip to main content
Свет

Велика Британија ја откажа прославата за Нова Година поради невреме

30/12/2024  19:52

Велика Британија ќе ја дочека Новата година со невреме, силен ветер и дожд кои веќе го принудија Единбург да ја откаже традиционалната новогодишна прослава, популарна кај многу туристи секоја година.

„Речиси цела Велика Британија е зафатена од најмалку едно временско предупредување оваа недела, што ја илустрира тешкотијата на точното прогнозирање во моментов“, изјави британскиот метеоролог Стив Вилингтон.

Настаните на отворено, закажани за 30 и 31 декември, се откажани од „безбедни причини“, рече портпаролот.

Новогодишниот огномет на Блекпул исто така е откажан поради прогнозата за силни ветрови во северозападна Англија утревечер.

Во северна Англија, делови од Шкотска и Северна Ирска утре ќе врне силен дожд и ќе има силен ветер.