Во сообраќајка кај Клечовце повредени три лица, меѓу кои две деца

Три лица, меѓу кои две деца, биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 19,45 часот на локалниот пат село Војник – село Клечовце.

Во несреќата учествувале „Форд Фокус“ управувано од М.Б.(24) од Куманово и „Мицубиши“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ј.Т.(52) од Кратово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле А.Т.(38) и сопатник на возраст од 11 години, а друг сопатник на 12 годишна возраст се здобил со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во Клиничката болница Куманово за укажување на лекарска помош, а двете лица со здобиени тешки телесни повреди биле препратени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави