Водителката рече „Веднаш се враќаме“ и се сокри под маса – земјотресот во Калифорнија ги преплаши презентерите

Водителката рече „Веднаш се враќаме“ и се сокри под маса – земјотресот во Калифорнија ги преплаши презентерите

Презентерка на американска телевизија мрежа CBS, за време на програма во живо, извештајот за земјотресот го завршила така што се сокрила под маса.

За време на земјотресот во Калифорнија тлото толку се тресело што почнала да се тресе и целата опрема во студиото, сценографијата и камерите, додека презентерката заедно со својот колега пренесувала вести во живо.

„Чувствуваме големо силно треперење. Овде се тресе во студио и се надеваме дека ништо нема да падне од таван“, рекла таа и панично се држела за раката на својот колега.

„Потресот е прилично силен и мислам дека подобро би било да се засолниме под маса.! Веднаш се враќам“, порачала исплашената спикерка Сара Дончи и се сокрила под маса.

емјотресот со јачина од 7 степен според Рихтерова скала бил втор по ред силен потрес во изминативе два дена, а најаак во последните  години.

 

Треба да знаете
Последни објави