И Наполи под лупа на обвинителството за направени сомнителни трансфери

Обвинителот, Џузепе Кине ги засука ракавите и почна да бара финансиски малверзации во работењето на италијанските фудбалски клубови. Прв настрада Јувентус кој е казнет со одземање на 15 бодови и индивидуални суспензии на раководните лица.

Следен кој може да настрада е лидерот Наполи доколку се докаже дека во трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи имало нерегуларности. Трансферот е пријавен на 72 милиони евра, плус бонуси од 10 милиони евра, и 20 милиони во размена на фудбалери меѓу двата клуба.

Има сомнеж дека трансферот не е комплетно чист, дека претседателот на Наполи, Де Лаурентис прикрил одредена сума од целиот трансфер. Доколку Наполитанците бидат фатени дека правеле малверзации, може да ги снајде слична судбина на Јувентус.

Тие се убедливо први на табелата и за нив би било голем удар доколку добијат некоја посериозна бодовна казна.

Треба да знаете
Последни објави