Во Гибралтар запленет танкер со нафта за Сирија

Властите на Гибралтар задржале супертанкер кој превезувал сирова нафта за Сирија, се вели во изјавата на главниот министер на Гибралтар, Фабијан Пикардо, објавена на веб-страницата на владата, пренесува „Гибралтар кроникл“.

„Рано утрово претставници на пристаништето Гибралтар и припадници на полицијата со поддршка на маринците на британската морнарица, се качија на супертанкерот „Грејс 1“  кој превезувал два милиони барели сирова нафта во Сирија. Ги задржавме бродот и неговиот товар“, се наведува во соопштението.

Како што наведува Пикардо, таквите мерки се преземени по добиените информации поради кои владата на Гибралтар имала основа да смета дека „Грејс 1“ постапувал во спротивност со санкциите на ЕУ против Сирија“.

​Според информациите на владата, танкерот превезувал товар до рафинеријата за нафта во сирискиот град Банјас.

„Оваа рафинерија за нафта е во сопственост на компанија што е ставена под антисириските санкции на ЕУ“, се истакнува во соопштението.

Пикардо исто така напомена дека го пријавил инцидентот кај шефовите на Европската комисија и Европскиот совет.

Треба да знаете
Последни објави