„Нафтогас Украина“ целосно го прекинува транзитот на гас од Русија по 2019

Компанијата „Нафтогас Украина“ се поготвува за целосен прекин на транзитот на гас од Русија преку територијата на Украина по истекот на 2019 година, а не дури во првото тромесечје од 2020 године, напиша на „Фејсбук“ извршниот директор на компанијата, Јуриј Витренко, пренесува „Спутник“.

Според Витренко, ставот на руски „Гаспром“ кон прекинот на транзитот на гас преку територијата на Украина е условен од политички, а не економски фактори.

Директорот на гасното одделение на компанијата, Андреј Фаворов, претходно на конференција во Торонтз за реформите во Украина рече дека „Нафтогас“ очекува прекин на транзитот на гас преку Украина кој ќе трае околу три месеци.

Фаворов исто така посочи дека „Нафтогас“ е спремен за отворени преговори со Москва, за која претпоставува дека ќе има многу тежок став по прашањето на гасот.

Директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер, на 28 јуни изјави дека руската компанија не добила од „Нафтогас“ официјален предлог за можноста за размена на операции ако двете страни не успеат да се договорат за условите на новиот договор за транзит на рускиот гас преку Украина по 2019 година.

Претходно на 18 јуни медиумите јавија дека „Нафтогас Украина“ пофготвила предлог за „Гаспром“ во случај да не се постигне договор за транзит.

Киев престана да купува гас од Русија во ноември 2015 година и почна да купува поскапо гориво од Европа. Притоа постоечките договори за снабдување и транзит на руски гас преку Украина истекуваат кој крајот на 2019 година, а страните сè уште немаат потишано нова спогодба.

Москва повеќепати констатираше дека е спремна да го продолжи транзитот преку Укарина ако Киев се согласи на еднакви и заемно корисни услови.

Треба да знаете
Последни објави