Силвестер Сталоне со луксузна јахта крстосува низ Јадранот

Актерот Силвестер Сталоне (72) пристигна во Сплит со сопругата Џенифер Флавин (50) и ќерките Систин Роуз (21), Софија Роуз (22) и Скарлет Роуз (17).

Тие од Венеција слетаа на аеродромот во Сплит, а потоа со луксузни автомобили семејството се префрли на западниот брег од каде што со јахтата „Меира” заминаа во обиколка на островите.

„Меира” е една од најлуксузните јахти во Хрватска, направена е во 2018 година и е долга 55 метри и широка 10 метри.

Покрај тоа што има шест кабини  опремени со бања, ЛЕД-телевизор, систем за домашно кино и големи гардеробери, јахтата располага со сауна и соби за масажа.

Надвор од сезоната, цената на изнајмувањето на јахтата е 105.000 евра за една недела, а во сезоната – 133.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави