(Видео) Трагична несреќа во забавен парк-загина 19-годишна девојка

На социјалните мрежи се прошири страшна снимка која доаѓа од Узбекистан. Како што пренесуваат британските медиуми, во забавен парк загинала 19-годишна девојка откако ротирачко тркало паднало од седум метри височина.

Извиците на возбуда се претворија во крици на болка и ужас откако металната оска на која се вртеше тркало се скрши од основата.

На тркалото имало вкупно 8 лица од кои седум преживеаја, објавија локалните власти.

Станува збор за реквизит во забавниот парк „Истиклол“ во градот Џизак.

Треба да знаете
Последни објави