Вчера во 18.43 часот во СВР Штип била пријавена несреќа која се случила на ул.„Сремски фронт“ каде 63-годишната С.М од Штип била удрена од „фолксваген голф“ со штипски таблички управуван од 21-годишниот А.С. од Штип.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип“,се вели во билтенот на МВР.