Skip to main content
Македонија

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судски совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат разрешени

26/12/2024  12:58

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови, како што е во Деловникот – како што биле назначени, така ќе бидат и разрешени. Ова го истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши по негативниот извештај за работата на Судскиот совет.

„Вчера усвоивме негативен извештај за работата на Судскиот совет и по тој заклучок може да ги отповикаме и разрешиме“, рече Гаши.

Тој нагласи дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието, со цел да не биде направена правна грешка.