Струга продолжува да „гази“ се по ред

Фудбалерите на Струга Трим Лум се незадржливи во Првата македонска фудбалска лига. Стружани попладнево забележаа нова победа, овојпат на гостински терен против Академија Пандев за максимални шест од шест.

Резултати на натпреварите од шестото коло во ПМФЛ:
Академија Пандев – Струга ТЛ 0:3
Брегалница – Шкупи 2:0
Скопје – Победа 1:0
Шкендија – Македонија ЃП 1:1
Силекс – Тиквеш 3:2.

Слободна во ова коло беше екипата на Работнички.

Табела: Струга 18 бодови, Силекс 11, Шкенидја 11, Брегалница 10, Академија Пандев 7, Шкупи 7, Македонија ЃП 5, Тиквеш 4, Работнички 4, Скопје 3 и Победа 1.

Треба да знаете
Последни објави