Литванија се жали за судиски превид на мечот со Германија

Литванија поденсе приговор до ФИБА поради катастрофалната грешка на судиите и лицата од записничката маса за време на натпреаврот со Германија кој го загубија по две продолженија.  Литванскиот состав пред крајот на третата четвртина не доби слободно фрлање за техничката грешка која ја заработи германскиот селектор.

Литванците реагираат бидејќи овој „кикс“ на официјалните лица директно влијае на конечниот  резултатот (109:107).

Пред крајот на третата четвртина имаше прекршок на Ло над Валанчиунас, по што германскиот селектор реагираше и му беше покажана техничка грешка. Судиите заборавија на правилата, па Литванците изведоа само две слободни фрлања, оние на Валанчиунас, додека она првото, за техничката грешка, воопшто не беше евидентирано.

Срамотата на ФИБА да биде поголема, во официјалната статистика најпрвин се водеа три промашени слободни фрлања иако Валанчиунас изведе само две, нешто што подоцна беше исправено, но остана неправдата кон литванскиот состав.

Треба да знаете
Последни објави