СВР Тетово информира дека вчера (24.12.2024) во 20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, во близина на културниот дом ги привеле Б.К.(23), З.К.(28), И.Р.(48) и Џ.Н.(36) сите од Гостивар, кои на импровизирани тезги продавале пиротехнички средства.
Тие се задржани во полициска станица и од нив биле одземени 1300 парчиња разновидни пиротехнички средства и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок по член 69 од Закон за заштита од експлозивни материи, наведува полицијата.