Skip to main content
Хроника

Ја удирал со тупаници партнерката, а потоа ја задавил – 33 годишен штипјанец ќе одговара за убиство

24/12/2024  15:30

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело убиство. Обвинетото лице на 1 ноември со умисла ја убил својата вонбрачна партнерка во напуштен објект.

„Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица“, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.