Skip to main content
Македонија

Кривичен ја одби жалбата на Груби, мерката притвор останува

24/12/2024  14:57

Кривичниот суд не ја прифати жалбата на одбраната на екс вицепремиерот Артан Груби, претходно донесената одлука за притвор, да се замени со поблага мерка.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на А.Г., недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка“, информираат од судот.

Инаку минатата недела судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против две лица, поврзани со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“, а по добиено известие од МВР дека истите се недостапни за органите на прогон, донесе решение со кое го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена која започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Во истиот случај, покрај Груби, недостапен е и Перпарим Бајрами, поранешниот директор на АД Државна лотарија.