Skip to main content
Скопје

Остранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Аеродором и Ѓорче Петров

24/12/2024  11:18

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за расчистување на неколку обемни диви депонии во скопските општини Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и на улиците Коста Новаковиќ и Анастас Митрев во скопската општина Аеродром, во чиишто рамки се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.