Skip to main content
Магазин

Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиството на сет на филм

24/12/2024  08:17

Кривичниот случај против актерот Алек Болдвин за фаталното пукање на снимањето на неговиот филм Rust заврши во понеделникот, при што обвинителот ја повлече жалбата за отфрлање на случајот.

Ова лето Болдвин беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност. Судијката Мери Марлоу Сомер го отфрли обвинението во јули, велејќи дека обвинителите и полицијата не успеале да го докажат потеклото на куршумот што ја уби Хачинс.

Хана Гутиерез, одговорната за оружјето на сетот, е осудена на 18 месеци затвор поради погрешно поставување на вистинскиот куршум, кој Болдвин го користел за време на снимањето.

„Не сум ја гледал финалната верзија на филмот и не планирам. Но, се надевам дека ќе биде објавен, дека парите ќе им бидат вратени на инвеститорите. Никогаш не сакате луѓето кои веруваа во вашиот проект да бидат оставени на цедило.

Се надевам дека филмот ќе помине добро и Мет ќе ги добие своите пари. Склучивме договор со него и сакаме да го испочитуваме. Луѓето кои велат дека профитираме од филмот, тоа е апсолутно погрешно“, рече Алек.

Болдвин истакна колку е тешка целата ситуација за него и неговото семејство, поради што нема да го гледа филмот.

„Ова е очигледно најтешкото нешто со кое сум се соочил во мојот живот. Освен самите жртви, најмногу ме боли тоа што и беше направено на мојата сопруга. Се обидуваме да си даваме ветер во грб еден на друг и да се извлечеме од овие работи бидејќи филмот засекогаш ќе остане во сенка на тоа“, рече тој.