Skip to main content
Свет

Трудо под се поголем притисок да поднесе оставка

23/12/2024  22:57

Се повеќе канадски пратеници бараат оставка од премиерот Џастин Трудо, а повеќе од 50 пратеници на неговата владејачка Либерална партија од провинцијата Онтарио се согласиле Трудо да мора да се повлече од функцијата, објавија канадските медиуми.

Трудо претрпе два големи удари минатата недела – канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд поднесе оставка поради спор во врска со буџетот, а сите опозициски партии потоа најавија дека ќе се обединат за да ја соборат малцинската либерална влада, пренесуваат светските агенции.

Агенциите наведуваат дека Трудо сепак не покажува намера наскоро да ја напушти премиерската функција.