Skip to main content
Македонија

Средба на Гаши со францускиот амбасадор, Ле Риголер

23/12/2024  14:22

Претседателот на Собранието Африм Гаши денес оствари средба со Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Француската Република во нашата земја. На средбата присуствуваше и Жаклина Поп Ангелова, шеф на Кабинет на Амбасадорот.

Беше изразена посебна благодарност до Амбасадорот за подигнување на билатералната соработка на повисоки ниво со релевантните претставници на Француската Република, како и подготвеност од наша страна за одржување на овој воспоставен дијалог во периодот што следи, на теми од взаемен интерес. Гаши ги изнесе позитивните впечатоци од одржаните средби во Париз и подготвеноста на француските политичари за поддршка на нашиот процес на евроинтеграции.

Амбасадорот Риголер, нагласи дека иницијативата за посета на Париз и остварување личен контакт со француските колеги и државни претставници е од особено значење, со оглед дека истата помага за креирање на билатерална динамика на меѓусебна соработка.

Соговорниците беа согласни за потребата од конкретизирање на полињата за размена на мислења и искуства на сите парламентарни нивоа, вклучително и преку Групите за соработка и пријателство и за искористување на експертизата која ја нудат Националното собрание и Сенатот на Француската Република за парламентарно работење. На крај, но не помалку важно, беше констатирано дека се потребни заеднички напори за зголемување на бројот на француските инвестиции во земјата и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, кои во моментов не се на посакуваното ниво.