Skip to main content
Свет

Фицо: Путин најави дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас на Западот и за Словачка

23/12/2024  11:55

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин најавил дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас за Западот.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораките на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата на украинскиот претседател“, напиша Фицо на својата Фејсбук страница.

Фицо, кој вчера разговараше со Путин во Москва, истакна дека неговата посета на Русија е реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се противи на транзитот на руски гас преку Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков синоќа изјави дека нема да има официјално соопштение од средбата меѓу Путин и Фицо.