Skip to main content
Македонија

Работна посета на Муцунски во Вашингтон, САД – продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции во фокусот на посетата 

22/12/2024  21:31

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, САД. Посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, се вели во соопштение од МНР.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт Департментот, Брендон Јодер, потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и лица вклучени во транзицискиот тим на Претседателот Трамп. Дополнително, тој имаше средби со претставници на водечки компании од бизнис секторот.

Фокусот на политичките средби беше ставен на унапредување на билатералната соработка, заедничките заложби за глобалната безбедност и трансатлантската соработка. Во разговорите со бизнис заедницата, акцентот беше ставен на преставување на можностите за инвестирање во државата и зајакнување на трговските врски помеѓу двете земји.