Нема повредени лица откако во авто-сервис во Прилеп изгореа четири автомобили.
„Денеска во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Александар Македонски во Прилеп, во авто сервис каде биле паркирани повеќе возила, настанал пожар во патничко моторно возило ‘фолксваген поло’ со прилепски регистарски ознаки сопственост на Т.Ј. (76) од селото Загирани. Од пожарот биле зафатени и други патничко возила ‘ауди’ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Б. (38) од Прилеп, ‘БМВ’ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Д. (32) од Прилеп и ‘рено’ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц. (24) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп“, соопшти полицијата.
Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.