Иако во Скопје е најавено дека делови од градот ќе останат без вода поради санација на дефект, жителите на Кулите од Џевахир можат да бидат спокојни. Благодарение на резервните резервоари за вода кои се вградени во самите кули, водоснабдувањето за овие жители ќе биде непрекинато.
Резервоарите имаат капацитет да обезбедат минимум 78 часа вода, што значи дека основните потреби на домаќинствата, како пиење, хигиена и секојдневна употреба, ќе бидат целосно задоволени дури и при долготрајни прекини.
Оваа инфраструктурна предност уште еднаш ја истакнува практичноста и сигурноста на животот во Кулите од Џевахир, кои се пример за модерно и одговорно урбано планирање.