Skip to main content
Економија

Економски форум „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан

20/12/2024  08:16

Во Скопје денеска ќе се реализира економскиот форум со наслов „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан“.

Како што информираат од „Фајненс тинк“, на економскиот форум ќе бидат презентирани наоди од новата студија за видовите и износите на државна помош за домашни и странски компании, со осврт на транспарентноста и одговорноста на надлежните институции во земјите од Западен Балкан.