Skip to main content
Македонија

Промоција на редизајнираниот Национален портал – Uslugi.gov.mk

20/12/2024  07:42

Во организација на Министерството за дигитална трансформација денеска ќе се одржи конференција насловена „Националнен портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги“.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе има презентација на најважните нови функционалности на порталот.

На конференцијата ќе говорат и првите луѓе на институциите чии што нови услуги се достапни за граѓаните на Националниот портал.

Според агендата, предвидено е да говорат министерот за култура  Зоран Љутков, помошникот министер за информатика и телекомуникации – Министерство за внатрешни работи Александар Стоилевски, директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов,  заменикот министер за правда Ален Деребан,  претседател на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски и директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов.