Skip to main content
Забава

Падна популарната мрежа Х

19/12/2024  21:56

Социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) стана недостапна за голем број корисници.

Голем број корисници ширум светот повторно пријавуваат проблеми со социјалната мрежа Х (Твитер).

Веб-страницата DownDetector за краток временски период околу 19 часот сними над 500 пријави за проблеми со работата на платформата X, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск.

Корисниците известуваат дека има апликации кои не се вчитуваат, без разлика кој интернет прелистувач го користат или колку пати ја освежуваат страницата.

Засега немаат соопштено ништо од Х.