Search

Кремљ: Внимателно го следиме случајот со притворениот новинар

Кремљ денеска соопшти дека притворањето на рускиот истражувачки новинар Иван Голунов, обвинет за поседување наркотици, предизвикува многу внимание и оти случајот внимателно се следи.

– Внимателно ги следиме сите детали и начинот на кој се одвива случајот, изјави портпаролот на Крем Дмитриј Песков. Тој оцени дека случајот заслужува целосно внимание од главниот обвинител и останатите одделение во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Голунов, дописник за порталот „Медуза” со седиште во Летонија, пред два дена беше уапсен во Москва поради сомнение дека продавал дрога. 36-годишниот новинар се сомничи за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги. Според полицијата, кај Голунов биле пронајдени четири грама синтетичка дрога мефедрон. По претресот и на неговиот стан, биле пронајдени и пет грама кокаин.

Неговиот адвокат тврди дека бил претепан додека бил во притвор и дека дрогата му е подметната, но властите го негираат тоа. Од „Медуза” излегоа со изјава дека „е приведен поради неговата новинарска активност”.

Три водечки руски весници денеска излегоа со идентични насловни страни во знак на протест, како што велат, лажните обвиненија на сметкна на новинарот. На насловните страни пишува „Ние сме Иван Голунов”.

На Голунов му е определен двомесечен домашен притвор.

Треба да знаете
Последни објави