Канада: Новинарка на Си-Би-Си поднесе оставка поради „соучесништво на каналот во геноцидот во Газа“

Новинарката на канадската јавна радиотелевизиска мрежа Си-Би-Си, Афра Рана, поднесе оставка поради пристрасното известување на каналот за геноцидот во Газа.

Во авторски текст објавен на еден канадски интернет портал, Рана го изрази своето разочарување од пристрасното известување на каналот каде што работи и изјавила дека Си-Би-Си ја игнорира болката на Палестинците. Во текстот, таа го нарече необјективното известување на каналот „соучесништво“ во израелскиот геноцид во Појасот Газа.

„Згрозена сум од недостигот на историски контекст на Си-Би-Си помеѓу Израел и Палестина и од јазикот кој се користи за да се брани израелскиот масакр врз Палестинците“, изјавила таа.

Таа нагласи дека „Водичот за јазик на Си-Би-Си за Блискиот Исток е катастрофално контрадикторен“ и го критикуваше пристапот на каналот кон известувањето за регионот. Рана открива дека во редакцијата била „отфрлена“ откако изразила загриженост за овој проблем и се соочила со емотивен товар поради работата во такво опкружување.

Треба да знаете
Последни објави