Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес по тешка сообраќајна несреќа

По неколку часа прекин, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е нормализиран, информираше Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) околу 22 часот. Прекинот се случи поради тешка сообраќајна несреќа која се случи нешто пред 18 часот во близина на тунелот кај Катланово, каде што животот го загубија четири лица, а пет патници беа повредени во превртено комбе.

Поради несреќата, сообраќајот на автопатот беше пренасочен кон стариот пат меѓу Скопје и Велес, создавајќи застои и тешкотии за возачите. По завршените активности на надлежните служби, автопатот повторно е целосно отворен за сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави