Уапсен лихвар од Кичево – полицијата пронашла пари и злато во неговиот дом

Вчера во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што билепронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави