МВР со детали за тешката сообраќајка во Скопје кога возило се преврте и се запали

МВР со детали за тешката сообраќајка која се случи вчеравечер во Скопје.

– На 15.10.2024 околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“, на кракот со ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од село Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје, при што возилото „шкода” се превртело и се запалило, информираа од полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото „шкода“, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во возилото „шкода“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“, додаваат оттаму.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави