Експлодира цистерна со гориво, најмалку 94 мртви во Нигерија

Најмалку 94 лица загинаа, а 50 се хоспитализирани по експлозија на северот на Нигерија, која се случи кога жителите почнаа да собираат гориво кое истекло од превртена цистерна.

Експлозијата се случи откако возачот на цистерната, кој патувал од Кано до Нгуру во државата Јобе, изгубил контрола над воланот во близина на градот Маџија, соопшти нигериската телевизија Ченелс.

Според зборовите на портпаролот на полицијата Лован Адам, катастрофата ја предизвикале жителите кои побрзале да соберат бензин откако цистерната се превртела. 

Треба да знаете
Последни објави