Делови од Илинден, Сопиште и Чаир утре ќе останат без струја

Поради планирани прекини во електроснабдувањето, утре без електрична енергија ќе бидат корисници од општините Илинден, Сопиште, Чаир, информираат утрово од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат „Пјурели плант“, „фотоволтаци Нордик“, „Еуровиа“, „Енерџи груп“ во индустриска зона Чојлиа, општина Илинден.

Од 8:30 до 11:30 часот, дел од корисниците од улиците „Крсте Асенов“, „Добри Даскалов“, дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир. Додека, од 11:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улиците „Ресенска“, „Втора македонска бригада“, „Кемал Сејфула“.

Од девет до 15 часот пак, дел од корисниците од село Сопиште – улицата „134“ кај гробиштата.

Треба да знаете
Последни објави