Мајката на Вања и роднини на велешанецот Панче Жежовски сведоци на денешното рочиште

Денеска продолжува судењето за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска и роднините на велешанец Панче Жежовски ќе сведочат на рочиштето за двете убиства.

Откако беше објавено дека Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во Истражниот затвор Скопје продолжува судењето, а пред судот ќе се појават сведоците предложени од Обвинителството.

Првите сведоци се мајката на убиеното девојче и роднини на убиениот Жежовски.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави