Општина Центар обезбедува бесплатни правни, психолошки и социолошки советувања за центарци кои биле жртви на семејно или било какво друго насилство

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи објави дека општината во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени.

„Услугите на советување ќе се реализираат секој вторник во времетраење од 4 часа со почеток од 10:00 часот до 14:00 часот во просториите на Младински Центар, Општина Центар.

Општина Центар продолжува да се грижи за сите граѓани на кои им е потребна помош. Подадената рака значи пријателство, утеха и поттик да се продолжи и тогаш кога мислиме дека не може напред“, напиша Герасимовски.

Треба да знаете
Последни објави