Метео анализа: Претпладне облачно, потоа сончево со слаб ветер

Времето  денеска наутро ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 25 Целзиусови степени.

Треба да знаете
Последни објави